Легендарниот бразилски фудбалер Алекс доживеал срцев удар

Поранешниот бразилски фудбалер Алекс бил примен во болница во Бразил откако доживеал срцев удар пред два дена. Тој веднаш бил опериран, а во моментов се наоѓа во добра состојба и почна со опоравувањето.

39-годишниот фудбалер кариерата ја заврши во 2016 година како фудбалер на италијанскиот Милан. Претходно во кариерата настапуваше и за екипите на Пари Сен Жермен, Челси и ПСВ Ајндховен.

За репрезентацијата на Бразил запиша 17 настапи.

Се вчитува...