Легендарниот бразилски напаѓач Ромарио, гостуваше во бразилска емисија во која ги коментираше актуелностите околу репреентацијата, која во моментов ја води Фернандо Диниз.
Сепак, Диниз е назначен за В.Д. селектор до јуни 2024 година, кога на клупата би требало да пристигне големо звучно име. Најчесто се споменува Карло Анчелоти, актуелниот тренер на Реал Мадрид.
Меѓутоа таа идеја не му се допаѓа на Ромарио.
„Ма каков Анчелоти, сакам да го видам Диниз до крајот. Сакам да му честитам на претседателот на фудбалскиот сојуз на Бразил со изборот на Диниз. Нему му треба време да почне да го прави со репрезентацијата она што го прави со клубот. Ремизираа на последните два меча, но никој не победува цело време“, вели Ромарио.
Анчелоти никогаш јавно не потврди дека ќе биде селектор на Бразил, но тој ќе биде без ангажман после летото кога ќе му истече договорот со Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА