Бразилскиот напаѓач Фред, го одигра последниот натпревар во својата кариера, по што на 38 години се реши да стави крај на играњето фудбал. Својот последен настап го имаше на легендарната „Маракана“ после 19 години успешно играње.
Во 16. коло во бразилската Серија „А“, неговиот тим Флуминензе како домаќин ја совлада Цеара, а во 78. минута влезе Фред, напаѓачот кој што одигра 39 натпревари за бразилската репрезентација и постигна 18 голови. Последен настап му беше дебаклот од Германија во 2014 година на Мундијалот кој се одржи во неговата земја. Тогаш доби многу критики за својот настап.
Фред беше испратен со овации од публиката.
„Во кариерата најдобро се чувствувам во овој дрес пред вас, навивачи на Флуминензе“, рече Фред.
Во својата кариера играше за Лион од 2005 до 2009, а во Бразил играше за Атлетико Минеиро и Крузеиро. Во Флуминензе беше два пати, од 2009 до 2016, а потоа и од 2020 до сега.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА