Легендарниот Буфон дефинитивно се одлучи за КРАЈ

Легендарниот Џанлуиџи Буфон и официјално донел одлука да му каже збогум на фудбалот. Ова го јавуваат неколку италијански медиуми, а одлуката официјално ќе биде соопштена во следните денови.

Буфон има 45 години, и лани потпиша договор со Парма до 2024 година, меѓутоа веројатно нема да го одработи. Тој во минатата сезона не беше станарден на голот на својот матичен клуб, и од тука се одлучил да замине во пензија.

Буфон е своевидна голманска легенда, не само во Италија, туку и во светот. Кариерата ја почна во Парма, но најмногу се задржа во Јувентус, а потоа замина во ПСЖ, па се врати во Јувентус пред да се одлучи да ја заврши кариерата во својот матичен клуб.

Тој со Италија ја освои светската титула во 2006 година, а играше во финале на ЕП во 2012 година. Беше дел од три финалиња во ЛШ, но не успеа ниту еднаш да се закити со пехарот од ова натпреварување.

Се вчитува...