Легендарниот Чави го одигра последниот меч во кариерата

Легендарниот шпански фудбалер Чави го одигра последниот натпревар за катарскиот Ал Сад и ја заврши богатата кариера. Тој денеска се збогуваше од активното играње фудбал на мечот против Персеполис во азиската Лига на шампиони. Чави во иднина ќе се посвети на тренерската професија.

Одличниот играч за врска во периодот додека го носеше дресот на Барселона освои 25 трофеи, вклучувајќи четири пехари во Лигата на шампионите, како и осум шампионски трофеи во Ла Лига. Беше освојувач на СП 2010 и на ЕП 2008 и на ЕП 2012 со репрезентацијата на Шпанија, а за крај освои и трофеи со катарскиот клуб Ал Сад.

 

Се вчитува...