Фудбалската репрезентација на Хрватска го освои третото место на Светското првенство во Катар откако во малото финале славеше над Мароко со 2-1.
Селекторот Златко Далиќ кој испиша историја како тренер со два медали на Мундијалите, по мечот изјави дека оваа бронза има сјај на злато и дека му ја посветува на Чиро Блажевиќ, а во изјава за индекс.хр легендарниот тренер му се заблагодари на сегашниот селектор за убавите зборови.
„Ова ме врати во живот. Во последните 15 минути од играта веќе плачев од среќа бидејќи видов дека не ни можат ништо, дека победуваме и стануваме една од најголемите фудбалски велесили на планетава. Го заслуживме тоа. Сакам да му се заблагодарам на Далиќ и неговите херои, неговите витези кои го освоија ова трето место на горд, хрватски начин. Секоја чест за нив. Слушнав кога Далиќ ми ја посвети победата, тоа многу ми значи. Направив се во свое време, тој беше сведок на тоа и му благодарам за се и за таа посветеност“, изјави Блажевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА