Искусниот дански репрезентативец Симон Кјер на 35-годишна возраст стави крај на богатата кариера. Тоа го потврди на гостување на данска телевизија велејќи подготвен да затвори едно поглавие во својот живот.
Кјер последниот клупски настап го имаше во дресот на Милан каде помина четири години и воедно со кој го освои италијанскиот шампионат во сезоната 2021/22. Претходно ги бранеше боите и на Митјиланд, Палермо, Волфсбург, Рома, Лил, Фенербахче, Севилја и Аталанта.
За данската репрезентација настапи на 132 натпревари постигнувајќи пет голови.
„Сега е вистинското време да го затворам тоа поглавие. Не е ова одлука која ја донесов летово, туку нешто за што размислував и пред почетокот на Европското првенство.
Во мојата глава се заврши во Милан. Не можев да имам подобра крај. Збогувањето кое го доживеав на „Сан Сиро“… Тоа искуство. Тогаш знаев дека е крај“, изјави Кјер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА