Легендарниот Датоме заминува во пензија

Кошарката идната сезона ќе биде „сиромашна“ за уште еден великан на оваа игра. Италијанскиот репрезентативец и член на Армани, Луиџи Датоме потврди дека ја завршува кариерата после Мундобаскетот.

Датоме има 35 години, а претходните три сезони ги мина во Армани, кој на крајот од минатата сезона ја освои титулата.

Датоме ја почна сениорската кариера во Сиена, а потоа играше за Виртус од Рим. Во 2013 година заминува во НБА и потпишува за Детроит. Кратко беше и во Бостон, а потоа се врати во Европа, во Фенербахче со кој во 2017 година ја освои Евролигата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gigi Datome (@gigidatome)

Се вчитува...