Легендарниот фудбалер на Тотенхем, 28-годишниот Деле Али кој неодамна играше и полуфинале во Лигата на шампионите, сега е играч кој мора да мине проба за да дојде до договор со клуб.
Али изминатиов период тренираше со Евертон за да ја одржува физичката подготвеност, за да сега мора да мине на проба во италијанскиот Комо доколку сака договор од јануари следнава година.
Како што пренесува италијанската „Газета дело спорт“, Деле Али веќе пристигнал во Комо и го почна пробниот период под надзор на тренерот на екипата, Шпанецот Сеск Фабрегас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА