Легендарниот англиски фудбалери, Џон Тери ќе потпише договор со Спартак Москва продолжувајќи ја својата играчка кариера.
Тери, како што пренесуваат англиските медиуми, веќе ги минал лекарските прегледи и се очекува наскоро официјално да биде потврден неговиот трансфер во Спартак. Поранешниот капитен на Англија и Челси треба да потпише едногодишен договор.
37-годишниот Тери минатата сезона ја мина во Астон Вила, а во Спартак, како што се претпоставува, пристигнува како замена за повредениот Самјуел Жиго.
Спартак Москва во моментов е втор во руската лига зад Зенит. Оваа сезона ќе учествува и во Лигата на Европа каде е во група со Вилјареал, Глазгов Ренџерс и Рапид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА