Легендарниот дрес на Марадона продаден за неверојатни 7 милиони фунти

Дресот на легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона кој го носеше на мечот против на Англија на Светското првенство во 1986 беше продаден за рекордна сума.

На мечот на кој Марадона ја изведе познатата „Божја рака“, Аргентина ја победи Англија, а подоцна на истиот турнир се радуваше и на светската титула. Дресот беше во сопственост на некогашниот репрезентативец на Англија, Стив Хоџ, но беше продаден на аукција за сума од 7,1 милион фунти.

Тоа е најскапиот спортски сувенир во историјата. Претходно, рекордот го држеше дресот на легендата на Њујорк Јенкис, Бејб Рут кој во 2019 година се продаде за 4,4 милиони фунти.

Се вчитува...