Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, откри дека најтежок ривал во кариерата му бил Рафаел Надал. Легендарниот играч е во Њујорк каде што минува денови со младите надежи на тенисот.
На еден од тренинзите бил прашан против кој ривал му било најтешко да игра, при што тој одговорил:
„Против Рафаел Надал имав најмногу проблеми пред се поради неговиот топ спин и поради тоа што игра со левата рака“, рече Федерер, а потоа и девојчето кое го постави прашањето му кажа дека ниту таа не сака да игра против левораки играчи.
Надал против Федерер има скор од 24 победи и 16 порази. Последен пат се сретнаа во Вимлбдон во 2019 година кога Швајцарецот ја однесе победата. Федерер веќе се откажа од активното играње, додека Надал се обидува да се врати на терените по серијата на повреди во последно време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

