Легендарниот Французин познат по прославите замина во пензија (ВИДЕО)

Легендарниот француски фудбалер Бафетимби Гомис замина во пензија на 39-годишна возраст. Оваа одлука ја соопшти пред самиот натпревар на Олимпик Лион и Сент Етиен, неговите поранешни клубови кои највеќе му значат во кариерата.

Гомис кој настапи и на 12 натпревари и постигна три голови за репрезентацијата на Франција низ кариерата настапуваше за повеќе клубови. Покрај Лион и Сент Етиен ги тресеше мрежите и за Свонси, Марсеј, Галатасарај, Ал-Хилал и јапонскиот Каваксаки Фронтале. Ќе остане запомнет по карактеристичните прослави.

Се вчитува...