Некогашниот фудбалер и капитен на репрезентацијата на Уругвај, Диего Годин, после само шест месеци откако се реши да се откаже од фудбалот, најави враќање на терените. После пола година, Годин ќе потпише договор со уругвајскиот нисколигаш, Поронгос. Договорот е до крајот на годинат.
Поронгос има долга историја на постоење, основан е во 1910 година во една од многубројните лиги во Уругвај. Годин се врати на фудбалот откако успеал да го убеди неговиот пријател Гонзало Кастро, поранешен играч на Мајорка и Реал Сосиедад, кој исто така се одлучи да ја прекине пензијата и да потпише за истиот клуб.
Годин последната сезона ја одигра во редовите на Велез Сарсфилд, а во минатото беше дел од Вилјареал, Атлетико Мадрид, Интер, Каљари и Атлетико Минеиро.
Најголемиот успех Годин го постигна со Атлетико Мадрид, освојувајќи два трофеи во Лигата на Европа, два Супер-Купа на Европа, првенство на Шпанија, Куп на Шпанија и Супер-Куп. Два пати со овој тим играше и во финалето во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

