Легендарниот германски дефанзивец ја заврши кариерата

Легендарниот фудбалер на Баерн Минхен и на германската репрезентација, Џером Боатенг, објави дека става крај на својата кариера.

Овој 37-годишен дефанзивец беше без клуб откако летово го напушти австриски ЛАСК, а откако не доби поннуда каква што посакуваше реши да ги „закачи копачките на клин“.

„Играв долго време, за големи клубови и за мојата држава. Фудбалот ми даде се, сега е време да продолжам по поинаков пат. Не затоа што морам, туку затоа што сум подготвен. Благодарен сум за се, на сите мои тимови, на фановите, но пред се – на моето семејство“, објави Боатенг на својот инстаграм профил.

Тој одигра 314 средби за Баерн притоа освојувајќи девет титули во Будес-лигата. Боатенг веќе има Б-лиценца за тренер, па се очекува поранешниот репрезентативец и по завршувањето со активно играње да остане дел од овој спорт.

Се вчитува...