Поранешниот фудбалски голман и репрезентативец на Германија, Ајке Имел е осуден на затворска казна поради серија на измами. Имел, кој има 19 настапи за германската репрезентација, неколку пати позајмувал пари од лица, но не ги враќал.
Вкупната штета изнесува нешто над 34 илјади евра, а има 106 случаи. Поточно, во еден случај тој продал билети за натпревар од Европското првенство, ги задржал парите, а билетите ги немал, ниту пак ги стекнал.
Меѓу жртвите е и сега починатиот Андреас Бреме. На него му должи околу 18 илјади евра.
„Тој побара неколку пати, околу 20 илјади евра. Се додека во еден момент не му реков – доста. Иако вети дека ќе ми ги врати, никогаш не го стори тоа“, рече Бреме во 2022 година.
Бреме никогаш не поднесе кривична пријава. Имел имаше судење денеска, а тој се појави во придружба на неговиот адвокат.
Еден од измамените открил како Имел ги лажел „жртвите“.
„Велеше дека не му стигнала банкарската картичка или дека го изгубил паричникот“, рече жртвата.
Инаку поранешниот голман се бранеше со молчење, а неговиот адвокат рече дека Имел се срами од тоа што го направил, но дека има намера да ги врати парите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

