Легендарниот голгетер ја напушти Аталанта

Аталанта останува без Луис Муриел на половина од оваа натпреварувачка сезона откако колумбискиот голгетер ги договори условите за преселба во МЛС-лигата, во дресот на Орландо Сити.

Ветеранот имаше само уште пет месеци од договорот со Аталанта, што беше причина клубот од Бергамо да ја прифати понудата од еден милион евра што пристигна од САД и да му ја исполни желбата на Муриел да се пресели од другата страна на Атлантикот.

Одличниот голгетер ги мина последните 13 години во Европа, а од 2019 ги бранеше боите на Аталанта, тим за кој постигна 68 погодоци на 184 натпревари. Сезонава тој настапи на 18 лигашки средби за Аталанта (најчесто влегувајќи како резерва), бележејќи два гола и една асистенција.

Се вчитува...