Легендарниот хрватски ракометар Домагој Дувњак, го најави „последниот танц“ кога станува збор за настапите во репрезентацијата.
Следниот предизвик за „коцкастите“ е Светското првенство на почетокот на 2025 година, кое меѓу домаќините е и Хрватска, па тоа ќе биде последен пат да го гледаме Дувњак во дресот на Хрватска.
„Веќе разговарав со селекторот Сигурдсон. Му реков дека ако му требам за Светското првенство, тука сум да одиграм за Хрватска уште еднаш, за последен пат“, рече Дувњак.
Сегашниот ракометар на Кил, кој веќе 10 години е дел од овој тим, во минатото играше во Хамбург и во Загреб. За Хрватска има одиграно 247 натпревари и постигнао 751 гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА