Сао Паоло и Атлетико Минеиро го играа големото дерби во 18. коло во бразилската Серија „А“, а на самиот старт од мечот видовме несекојдневен гол и тоа од легендарниот бразилски фудбалер Хулк, кој е познат по силниот удар.
И на 37 години има вистински „топ“ во ногата, а тоа го покажа и на натпреварот. Од повеќе од 40 метри од слободен удар шутираше директно во голот, и ја „искина пајажината“ од голот на противникот.
Тоа се случуваше во четвртата минута, кога сите очекуваат центаршут, но на изненадување екс бразилскиот репрезентативец се одлучи за удар, и го постигна можеби голот на кариерата.
Can’t believe Hulk is still out here scoring goals like this pic.twitter.com/fXs7BgycjM
— jay. (@Jayzinq) August 6, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

