Легендарниот Игор Џамбазов во фудбалот: Нов претседател на ФК Дојранско езеро

Легендарниот македонски шоумен Игор Џамбазов влегува и во фудбалските кругови, како нов претседател на македонскиот третолигаш ФК Дојранско езеро.

Џамбазов, во новата раководна постава на Дојранско езеро, ќе биде прв човек на клубот, а во управата влегуваат и Мишел Истатов, македонски стопанственик и син на легендарниот Благој Истатов, како и Кирил Изов, кој е селектор на женската репрезентација на Македонија, како и Дине Бојаџиев. Функцијата секретар на клубот ќе ја извршува Иле Поп Костов.

ФК Дојранско езеро, кој е основан во 1978 година, се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига – Исток, со желба за повторно враќање во Втората лига, каде и претходно се натпреваруваше една сезона.

Се вчитува...