Легендарниот Какa почнува тренерска кариера

Легендарниот бразилски фудбалер Рикардо Кака планира да ја започне својата тренерска кариера. Шпанскиот „АС“ пренесува дека поранешниот освојувач на „Златната топка“ во својата татковина добил тренерска „лиценца“ и дека наскоро би требало да почне со работа.

Кака на Инстаграм објави слика на која позира со лиценцата, со натпис „недостасува само тимот“.

„АС“ пренесува дека со овој сертификат легендарниот фудбалер може да води тимови, но сепак мора да се подобри за да ја добие конечната „про-лиценца“. Познатиот фудбалер во текот на својата играчка кариера имаше време да учи, имајќи предвид дека тренираше со трофејните стручњаци Карло Анчелоти и Жозе Мурињо.

Кака (40) во својата богата кариера настапуваше за Сао Паоло, Милан, Реал Мадрид и Орландо Сити. За репрезентацијата на Бразил со која беше светски првак во 2002 година одигра 92 натпревари и постигна 29 голови.

Се вчитува...