Поранешниот голман на Германија и доскорашен извршен директор на Баерн Минхен, Оливер Кан ги нападна челниците на германскиот фудбал, особено поради формирање на работната група по елиминацијата на селекцијата на СП во Катар од групите.
Кан смета дека работната група е непотребна и треба да биде распуштена. Групата се состои од претседателот на федерацијата, Бернд Нојендорф, потпретседателот Ханс-Јоаким Вацке, екс тренерот Матијас Замер, членот на управата на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге и претседателот на Лајпциг, Оливер Минцлаф.
„Работната група имаше смисла после срамниот настап во Катар, но потоа се претвори во фарса. Затоа и не ја гледам поентата во моето учество таму“, рече екс голманот.
Пред неколку дена Германија го избрка Ханс Флик и го назначи Руди Фелер за В.Д. селектор. Јулијан Нагелсман се споменува како најсериозен кандидат да го презеде кормилото на четирикратниот светски првак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

