Легендарниот шпански голман и човек кој испишување историја со Валенсија, Сантијаго Кањисарес, даде свое видување за ситуацијата на Столе Димитриевски во шпанскиот ла лигаш.
Кањизарес го советува најдобриот македонски голман дека најдобро за него ќе биде колку може побрзо да ја напушти средината.
„Ако клубот во две сезони не реализира ништо од она што му било ветено, тогаш играчот мора да размисли за својата иднина. Искрено, Димитриевски треба да си замине. Јасно е дека е тука само затоа што нема пазар и дека Валенсија веднаш ќе го пушти штом се појави клуб што ќе ја покрие потребната сума“, изјави Кањизарес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

