Легендарниот Кањизарес жестоко ја нападна Валенсија: „Тоа што му се прави на Димитриевски е огромна неправда!“

Легендарниот голман на Валенсија но и шпанската репрезентација, Санти Кањизарес, силно застана во одбрана на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, жестоко нафрлувајќи се на тренерот и раководството на својот поранешен клуб.

Кањизарес во изјава за шпанските медиуми потенцира дека му се прави огромна неправда на Димитриевски од страна на тренерот на Валенсија кој го остава македонскиот голман без шанса за настап, а во исто време клубот не дозволува негово заминување.

„Добро. Очигледно е дека тренерот не го сака Димитриевски. Ете, и ако се се согласиме со тоа, во ред е тоа да е негова одлука. Но, навистина таков неправеден однос кон член на тимот не сум видел. Ако веќе си го довел бесплатно, најмалку што можеш да направиш е да го пуштиш да си замине. Односот на Валенсија е крајно некоректен“ – вели Кањизарес.

Добро е познато дека Димитриевски без отштета беше доведен во Валенсија како наследник на Мамардашвили. Сепак, и оваа сезона сега прв голман е Агиврезабала, а Димитриевски не доби можност да замине од клубот.

Се вчитува...