Легендарниот јапонски ски-скокач Нориаки Касаи изјави дека воопшто не се грижи околу пандемијата од коронавирусот бидејќи секојдневно конзумира лук, кој според неговите зборови не само што го засилува имунитетот, туку и влијае во борбата со Ковид-19.
Јапонецот кој има 47 години, вели дека не размислува да се откаже од ски-скоковите и се надева дека и следната година ќе биде дел од светскиот куп.
„Се уште можам да дадам се од себе, иако бев буквално поразен минатата зима. Сепак, не сакам да губам време бидејќи сакам да продолжам да се натпреварувам во Светскиот куп. Ќе тренирам напорно и се надевам дека ќе се вратам посилен“, изјави Касаи.
Касаи своето деби во Светскиот куп го имаше далечната 1988 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА