Поранешниот шпански репрезентативец и еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот Икер Касиљас, призна дека има проблеми во животот. Легендарниот чувар на мрежата во моментов е далеку од фудбалот.
Најпрво на тажен начин ја заврши својата кариера, откако доби срцев удар на тренинг на Порто, а потоа се разведе од сопругата Сара Карбонеро.
Помина 16 години во Реал, стана клупска икона и за тоа време одигра 725 натпревари, а потоа за пет сезони во Порто 167 пати ја чуваше мрежата на португалскиот гигант, но следеа тешки моменти. По 11 години раскина со Сара Карбонеро, што секако му беше тешко. Нивниот бакнеж на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година стана вирален, но на таа љубовна приказна дојде до неславен крај.
Касиљас рече дека веќе не се ни обидува да се преправа дека се е во најдобар ред.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА