Легендарниот Кавани се збогуваше од репрезентацијата

Легендарниот уругвајски напаѓач Единсон Кавани, кој настапува за Бока Јуниорс, во четврток објави дека се повлекува од репрезентацијата.

Победникот на Копа Америка од 2011 година, 37-годишниот Кавани е вториот играч со најмногу настапи во Уругвај (136) и втор стрелец (58) зад Луис Суарез, откако го имаше своето деби на пријателското реми со Колумбија во февруари 2008 година.

„Тоа беа несомнено многу драгоцени години, би имал илјада работи да кажам, раскажам и запомнам, но денес сакам да се посветам на оваа нова фаза од мојата кариера и да дадам се од себе таму каде што треба да бидам“, напиша Кавани на социјалните мреќи.

Тој ова лето дојде во Бока откако се раздели со Валенсија. Така Кавани по 16 години се врати во Јужна Америка, откако во 2007 година го напушти уругвајскиот Данубио, а потоа импресионираше во дресот на Палермо, Наполи, ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...