Легендарниот Кенениса Бекеле ќе настапи на ЛОИ во Париз во трка со нашиот Ивановски

Кенениса Бекеле ќе учествува на Олимписките игри во Париз, 12 години по неговиот последен настап на најголемиот светски спортски настан. Бекеле, кој има 41 година, последен пат настапи на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, кога заврши на четвртото место на трката на 10.000 метри.

Тој ги пропушти Рио де Жанеиро (2016) и Токио (2021) и сега е вклучен во атлетскиот маратонски тим на Етиопија за Париз. Во главниот град на Франција ќе трча маратон на кој во последно време бележи одлични резултати. Тој во декември го освои четвртото место во Валенсија, додека неодамна беше втор во Лондон.

Бекеле освои три олимписки злата и едно сребро. Во Атина во 2004 година победи на 10 километри и беше втор на 5 километри, додека четири години подоцна во Пекинг славеше и на 5 и на 10 километри.

Олимпискиот маратон за мажи е закажан за 10. август, а на него ќе настапи и најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски.

Се вчитува...