Легендарниот Клаудио Раниери е пред нов ангажман

Легендарниот италијански стручњак Клаудио Раниери (69) кариерата би можел да ја продолжи во Франција. Искусниот 69-годишен тренер е многу близу до преземање на францускиот шампион Лил и тоа ќе биде нов предизвик за извонредниот стручњак.

Раниери ќе го замени Кристоф Галтиер на клупата на Лил, кој реши да го напушти клубот откако изненадувачки ја освои шампионската титула пред ПСЖ.

Познатиот Италијанец веќе има работено во Франција. Од 2012 до 2014 година го водеше Монако, а во сезоната 2017/2018 работеше како тренер на Нант. Минатата сезона, Раниери ја водеше Сампдорија, но одлучи да не ја продолжи соработката со овој клуб.

Преговорите меѓу Лил и Раниери се во тек. Сè може да се заврши во наредните денови, па искусниот тренер е на чекор да се врати во Франција. Во својата богата кариера, Раниери оствари најголем успех со Лестер, што во 2016 година го доведе до титулата англиски шампион.

Се вчитува...