Легендарниот Крис Пол ја завршува кариерата

По 21 сезона во најсилната лига во светот, Крис Пол изјави дека официјално ќе ја заврши кариерата во летото 2026 година. 

Пол има 40 години и во својата кариера играл на Ол-стар натпреварот 12 пати, бил во една од идеалните петорки на НБА 11 пати и бил вклучен во листата на 75 најдобри играчи на сите времиња.

Девет пати избран за најдобар одбранбен играч на годината, како и за најдобар дебитант во 2006 година, откако се приклучи на Њу Орлеанс Хорнетс од Универзитетот Вејк Форест.

Досега, тој има постигнато 23.032 поени со 12.532 асистенции (само живата легенда Џон Стоктон е пред него), како и 2.727 украдени топки.

Се вчитува...