Легендарниот Крос има идеја како да ја направи Бундеслигата понеизвесна

Поранешниот германски репрезентативец и екс член на Баерн Минхен и Реал Мадрид, Тони Крос, отворено почна дебата за промена на форматот на германската Бундеслига, со што би се зголемила неизвесноста околу освојувањето на титулата, со тоа што на некој начин ќе може да се стави крај на доминацијата на Баерн Минхен, кој е далеку недостижен на врвот по бројот на освоени титули.

Во свој поткаст кој го води заедно со својот брат Феликс, играчот од средниот ред го искажа еден од главните проблеми на Бундеслигата – недостаток на неизвесност во битката за титулата.

„Кога ќе погледнете, Лигата е едноставна. Баерн доминира, другите се борат за второто место, а неизвесноста ја снемува во 25. коло“, рече Крос.

Затоа пранешниот репрезентаивец има идеја најдобрите осум тима да играат плеј-оф, така што би се играле првиот против осмопласираниот, па така победниците би се пласирале во полуфинале, па финалето би било дуел меѓу двете најдобри тима, и на тој начин ќе се решава титулата.

„Тоа би било возбудливо и за тимовите, и за навивачите“, смета Крос, кој предлага да се намали бројот на натпревари во регуларниот дел од сезоната.

На ваквата идеја не се сложи неговиот брат, кој кажа дека првак треба да биде оној кој ќе доминира цела сезона, а не само во евентуални плеј-оф натпреварите.

Се вчитува...