Легендарниот Луј Ван Гал по 19 години се врати во Ајакс

Легендарниот холандски тренер Луј Ван Гал се врати во Ајакс, каде што е назначен како советеник на Надзорниот одбор за фудбалски технички прашања.

Тој доаѓа во овој тим на местото на Јан ван Халст, кој одлучи да се повлече по истекот на мандатот. Ван Гал се враќа во Ајакс по трети пат. Тој беше во екипата од 1988 до 1997 година, откако ги водеше младинските категории, потоа беше помошник, па назначен за прв тренер на холандскиот тим.

Во 2004 година кратко беше назначен за технички директор. Покрај Ајакс работеше и во Барселона, Холандија, АЗ Алкмар, Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.

„Сакам да му помогнам на Ајакс. Моментално поминувам голем дел од мојот живот во Португалија, а тоа може добро да се комбинира со мојата улога како надворешен советник. Подготвен сум да му го понудам моето фудбалско знаење на Надзорниот одбор“, изјави Ван Гал.

Се вчитува...