Легендарниот Љуљ уште една сезона во Реал Мадрид

Серхио Љуљ и Реал Мадрид постигнаа договор за продолжување на соработката на уште една година, соопшти кралскиот клуб. Љуљ дојде во Реал кога имаше само 19 години во 2007 година и стана една од најголемите легенди на тој клуб.

Во 18 сезони носејќи го белиот дрес, Љуљ успеа да освои дури 28 трофеи: три европски титули, еден Интерконтинентален куп, седум Купови на кралот, девет шпански Суперкупа и осум титули во националниот шампионат на Шпанија.

„Серхио Љуљ, протагонистот на еден од најуспешните периоди на нашиот клуб, ќе ја дочека својата 19. сезона во Реал Мадрид, станувајќи играч кој најдолго го носи нашиот дрес. Нашиот капитен е и играчот кој одиграл најмногу натпревари во историјата на овој клуб – дури 1.083, што е бројка која само ќе расте“, стои во соопштението на кралскиот клуб.

 

Се вчитува...