Легендарниот Љупко Петровиќ, под чие водство белградска Црвена Звезда во 1991 година стигна до титулата европски шампион, предизвикал страшна сообраќајка вчера на обиколница во Белград возејќи на автопат во – спротивна насока.
76-годишниот Петровиќ со „Мерцедес Б180“ возел во спротивен правец на обиколницата, па директно се судрил со Шевролет Авео, откако низа автомобили и камиони успеале да го избегнат, но не и автомобилот кој го управувал 63-годишниот Жељко Ковачевиќ.
Петровиќ минал само со полесни повреди. По направен алкотест и двајцата возачи немале алкохол во крвта, но легендарниот тренер сега се соочува со сериозна постапка против безбедноста во сообраќајот. Посебно поради тоа што полицијата се обидела да го запре, но според информациите од српските медиуми, Петровиќ дури и забрзал за да им избега на сообраќајците.
Петровиќ со Црвена Звезда ја освои европската титула во 1991 година во тимот во кој беа и Дарко Панчев и Илија Најдоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА