Искусниот тренер Феликс Магат, е можна опција за тимот на Волфсбург, доколку „волците“ се одлучат да му врачат отказ на Даниел Бауер. Тимот се бори за опстанок во Бундеслигата, и ќе има тешка задача да избори нов мандат во „елитата“.
72-годишниот Магат е омилен меѓу навивачите, со оглед дека му ја донесе на тимот првата, и единствена титула во 2009 година. Проблем е тоа што Магат последен пат работеше како тренер пред четири години, кога во 2022 година кратко беше на клупата на Херта.
„Не сакам ништо да коментирам“, изјави кусо Магат откако германските новинари го побарале да каже нешто за можноста да го преземе тимот на Волфсбург.
Доколку падне договор, тогаш за Магат ова ќе биде трет мандат на клупата на Волфсбург. Работеше во овој тим од 2007 до 2009 година, а потоа се врати пак во сезоната 2011-2012.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

