Легендарниот фудбалер и тренер Феликс Магат, е на добар пат да стане претседател на Хамбургер. Тој пред неколку дена испратил официјална кандидатура да седне на клупата во клубот во кој играше, и беше стрелец во легендарното финале во 1983 година кога Хамбургер ја освои Лигата на шампионите по победата над Јувентус.
Магат сака да седне на претседателската функција на овој тим, кој долго време веќе е дел од „Цвајте“ и сака да го врати одново на старите патеки, кога оваа екипа настапуваше во Лигата на шампионите.
Поранешниот тренер на Баерн Минхен, беше дел од Хамбургер од 1976 до 1986 година. Потоа стана тренер на овој тим, а работеше и во Нирнберг, Вердер, Ајнтрахт Франкфурт, Штутгарт, Волфсбург, Шалке, Фулам и Херта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА