Легендарниот „Македонец“ Лестер Бо Мекејлеб стартува тренерска кариера

Натурализираниот Македонец, член на златната наша генерација која во 2011 година дојде до 4. место на Европското првенство во Литванија, легендарниот Лестер Бо Мекејлеб почнува активна тренерска кариера, откако стави крај на играчката пред неколку години.

Мекејлеб потпиша договор со Универзитетот Зомби во САД каде ќе биде тренер на генерацијата кошаркари до 17 години. Поранешниот македонски репрезентативец ќе работи во програта за кошаркарски развој на тинејџери на возраст од 12 до 17 години.

Бо Мекејлеб и неодамна во разговор за локални американски медиуми истакна дека негова определба во иднина ќе биде тренерска кариера, најпрво со помлади категории а потоа и во сениорска конкуренција.

Лестер Бо Мекејлеб имаше повеќе од богата кариера во Европа, настапувајќи за елитни клубови од Италија, Турција и Србија. Но, засекогаш ќе остане запаметен како дел од генерацијата на Антиќ, Илиевски, Гечевски, Чековски, Самарџиски, браќата Стојановски… кои дојдоа до битката за третото место на ЕП 2011 во Литванија.

Се вчитува...