Паоло Малдини е на фудбалскиот терен повеќе од две децении. Тој својата кариера ја мина во дресот на Милан со кој освои се што можеше да се освои. За Малдини со право може да се каже дека е најдобриот дефанзивец на сите времиња.
Освојувањето на пет трофеи во Лигата на шампионите зборува најдобро за него како играч. Легендарниот Италијанец се збогуваше со фудбалот пред 11 години. По пензионирањето, тој издвои три дена во кои страдал најмногу.
„Во мојата кариера имав три дена во кои најмногу страдав… Кога пристигнав првиот ден на подготовки, станувам и размислувам што прават, зошто не ме викаат. Вториот пат беше кога отидов на дербито против Интер на Сан Сиро, и трет пат за време на натпреварот Милан – Барселона“, изјави Малдини.
Броејќи клупски и репрезентативни натпревари, Паоло Малдини одигра вкупно 902 натпревари во својата кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

