Легендата на Милан и на италијанскиот фудбал, Паоло Малдини наскоро би можел да се пресели во Премиерлигата. Како што пишува „Газета“, тој добил понуда да биде на чело на тимот на Њукасл, кој има сериозни амбиции за во иднина.
Како што се наведува, Малдини би требало во тимот да го замени Ден Ешворт, некогашниот директор на ФА на Англија и на Брајтон, кој, пак, треба да се пресели во Манчестер Јунајтед.
Гигантот од „Олд Трафорд“ е подготвен да понуди дури и обесштетување од 10 милиони за Ешворт, со што местото ќе остане испразнето, а раководствоот на тимот сака да го види легендата на Милан на него.
Малдини исто така имаше понуда од Саудиска Арабија, но ја одби можноста да се пресели таму. Тој е без ангажман откако се раздели со неговиот клуб Милан каде ја извршуваше функцијата спортски директор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА