Легендарниот Марк Кевендиш испиша историја на Тур де Франс

Британецот Марк Кевендиш победи на четвртата етапа на Тур де Франс, постигнувајќи рекордна 35. етапна победа. Кавендиш со ова достигнување го надмина славниот Еди Меркс кој има една победа помалку.

Тој стигна на целта пред Белгиецот Јаспер Филипсен и Норвежанецот Александар Кристоф по жесток спринт во последните метри. Кевендиш првпат победи на Тур де Франс ја имаше пред 16 години.

Велосипедистот мораше да се повлече од трката минатата година поради скршеница на клучната коска по пад за време на 11. етапа. Словенецот Тадеј Погачар ја задржа жолтата маица.

Се вчитува...