Легендарниот фудбалер на Мароко Мустафа Хаџи, го тужеше селекторот на репрезентацијата Вахид Халилхоџиќ за клевета. Претходно Халилхоџиќ рече дека бил целосно разочаран од Хаџи.
Халилхоџиќ наиде на доста критики од поранешните фудбалери и од јавноста во Алжир пред настапот на Мундијалот во Катар, по што селекторот не му остана должен на некогашниот фудбалер на репрезентацијата.
„Секогаш сум зборувал дека репрезентацијата е нешто свето. Некои то не го разбираат па си заминаа. Хаџи многу ме разочара. Играше двојна игра, неговото однесување не ми се допаѓаше. Веројатно виновен сум што сум го одбрал“, беа зборовите на Халилхоџиќ поради кои Хаџи се одлучил на тужба.
Легендарниот фудбалер го напушти таборот на Мароко во март, а во стручниот штаб беше од 2014 година. И натаму не е познато дали Халилхоџиќ ќе ја води селекцијата на Мундијалот во Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА