Најстариот професионален фудбалер на светот се враќа на европскиот континент, овој пат во Португалија. Иако има 55 години, легендарниот јапонски играч Казојуши Мијура не планира да ги закачи копачките.
Моментално настапува за јапонскиот второлигаш Јокохама, но како што сега стојат работите повторно ќе замине во Европа. Јапонските медиуми пренесуваат дека Мијура ќе потпише договор со португалскиот второлигаш Оливериенсе.
Овој тим се наоѓа на 14. место во втората португалска лига, а сопственикот на сегашниот тим на Миура, Јокохама, има удел и во Оливериенсе. Мијура претходно изјави дека сака да игра до 60 години, додавајќи дека се чувствува исклучително добро.
Мијура пред дури 23 години беше во Европа, играше за Динамо Загреб, а беше и во Бразил и Австралија. За јапонската репрезентација забележа 89 настапи и постигна 55 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

