Легендарниот напаѓач нема повеќе да игра за Австрија

Легендарниот австриски напаѓач Марко Арнаутовиќ, би можел да ја спушти завесата на својата репрезентативна кариера, по елиминацијата на неговата селекција од ЕВРО 2024 после поразот од Турција во 1/8 финалето.

Австријците со големи амбиции тргнаа на ова ЕВРО, го освоија првото место во групата, но на крајот испаднаа од Турција. Овој пораз тешко му паднал на Арнаутовиќ, а медиумите го обвинија него како главен виновник.

35-годишниот Арнаутовиќ досега одигра 116 натпревари и постигна 37 голови. Тој во моментов игра во Интер.

Се вчитува...