После вчерашниот пораз од Јувентус на домашен терен, екипата на Монца се реши да се раздели со Алесандро Неста, легендата на италијанскиот фудбал.
Неста ја презеде екипата во јуни оваа година, и по само неколку месеци добива отказ, откако го запиша и третиот пораз по ред во Серија „А“, и го остави тимот со само 10 поени од 17 одиграни натпревари.
Според италијанските медиуми, најверојатно нов тренер ќе биде Салваторе Бокети, кој досега нема големо искуство со водење клубови во италијанската елита.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА