Олимпик Марсеј работи напорно на засилувањата за наредната сезона, но францускиот фудбалски гигант летово ќе остане без својата легенда откако Дмитри Паје реши да си замине од „Велодром“.
Овој 36-годишен фудбалер мина осум сезони во дресот на Олимпик, постигнувајќи 78 гола и 95 асистенции на вкупно 326 натпревари, но ланската сезона премногу ретко добиваше шанса по конфликтот со тренерот Игор Тудор. Иако Хрватот летово доби отказ, Паје по состанокот со управата и со новиот тренер Марселињо реши да си замине од клубот.
Тој имал понуда да стави крај на кариерата и веднаш да биде вклучен во стручниот штаб на новиот тренер, но Паје, истата ја одбил бидејќи сака да продолжи со играње фудбал уште најмалку една година.
„Ова не е збогум, туку само довидување. Се гледаме наскоро, Паје, бидејќи Олимпик Марсеј е твојот дом“, изјави спортскиот директор Пабло Лонгорија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА