Легендарниот Пепе Реина и Алберто Морено нови засилувања за Комо

Комо е многу активен на пазарот на играчи пред почетокот на новата сезона, а ново засилување е искусниот голман, Пепе Реина.

Шпанскиот голман има 41 година и доаѓа во клубот како резервна опција за Пау Лопез. Последен клуб на Реинa беше Вилјареал, а како слободен играч се сели во редовите на новиот италијански прволигаш.

Ова не е крајот на засилувањата на Комо, бидејќи наскоро ќе ја официјализираат соработката со Алберто Морено и Рафаел Варан.

Морено ќе биде следната аквизиција на клубот од северот на Италија, додека вистинска „бомба“ очекуваат во Комо во текот на следната недела кога клубот ќе го засили Рафаел Варан, кој веќе кажа „да“.

Се вчитува...