Легендарниот Подолски не размислува за пензија – потпиша нов договор

Легендарниот германски фудбалер Лукас Подолски, нема намера да стави крај на кариерата и на 38 години потпиша нов договор со полскиот тим Горник Забже. Со овој потпис е гарантирано е дека ќе игра до својата 40 година од животот, но и натаму има влијание на екипата.

До сега во дресот на полскиот тим постигна 16 гола и 13 асистенции, а таа бројка може да се зголеми и во следните две години, колку што ќе игра во полскиот тим.

Оваа сезона Подолски на 27 натпревари даде пет гола и 9 асистенции. Подолски за Германија има одиграно 130 натпревари. Во минатото играше уште и за Анталијаспор, Кобе, Галатасарај, Интер, Арсенал, Келн и Баерн Минхен.

Се вчитува...