Легендарниот хрватски фудбалер Роберт Просинечки, е нов селектор на Црна Гора, одлучи Извршниот одбор на фудбалскиот сојуз на Црна Гора, пренесува РТЦГ.
Просинечки веќе има селекторско искуство, откако ги водеше Азербејџан и БИХ, а со БИХ го држи рекордот со серија од 10 победи по ред.
Како што пренесува РТЦГ, во опција за нов селектор бил и екс предводникот на Македонија, Игор Ангеловски, но потоа македонскиот тренер демантирал дека имал комуникација со некој од Црна Гора. Исто така во комбиација беа и Младен Крстајиќ и Мирко Вучиниќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА