Легендарниот Рамос се враќа во Севиља, но во друга улога

Поранешниот шпански репрезентативец Серхио Рамос би можел да стане косопственик на својот матичен клуб Севиља. Легендата на Реал Мадрид ги здружи силите со група инвеститори кои се подготвени да ги откупат акциите на андалузискиот клуб.

Според шпанската радио станица COPE, преговорите меѓу Севиља и американски фонд пропаднале, што довело до пад на вредноста на акциите. Токму во овој момент се појавил Рамос. Дефанзивецот веќе доставил формална понуда до акционерите за купување на клубот. Тој дејствува со поддршка на голема инвестициска група, која му го доверила управувањето со целиот проект.

Рамос е поранешен фудбалер на Севиља, за кого играше од младинските категории, па се до 2005 година пред да се пресели во Реал Мадрид, каде остана 16 сезони. Потоа беше дел од ПСЖ, па повторно во Севиља, за минатата сезона да ја мине во мексикански Монтереј.

Се вчитува...