Легендарниот Роберто Баџо претепан и ограбен за време на синоќешниот меч Италија – Шпанија

Една од најголемите италијански фудбалски легенди, Роберто Баџо, добитникот на Златната топка во 1993 година, бил претепан, ограбен и затворен по упад во неговиот дом за време на синоќешниот натпревар меѓу Италија и Шпанија на ЕВРО 2024.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, пет вооружени провалници упаднале во неговиот дом додека го гледал натпреварот Италија-Шпанија со своето семејството.

Баџо одлучил да се соочи со нив, па се здобил со повреди во физичкиот конфликт, по што е хоспитализиран и задржан на лекување.

Откако успеале да го совладаат, провалниците го заклучиле него и неговото семејство во плакар а потоа се украдени вреден накит и часовници и голем број други вредни предмети од неговиот дом. Баџо во меѓувреме успеал да се ослободи и да повика полиција, но провалниците веќе заминале од неговиот дом.

Се вчитува...